АКТИВИРАН ВУЛКАНОТ ПОПОКАТЕПЕТЛ ВО МЕКСИКО! Облаци од пепел, силни ерупции, откажана наставата во училиштата
Властите во Мексико ја откажаа наставата во училиштата за повеќе од 100.000 ученици во неколку градови лоцирани во близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови.
Наставата беше прекината во државните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно мали, но силни ерупции кои доведоа до паѓање на пепел, пренесува Ројтерс.
Учениците привремено ќе ја следат наставата преку Интернет бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението. Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено, пренесува Танјуг.
Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик.
Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико. Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони луѓе живеат во зона од 100 километри од кратерот.
Животите на 22 милиони луѓе зависат од гледањето во вулканскиот „семафор“: Ако стане црвено, се заканува катаклизма.
Así la actividad del volcán Popocatépetl en esta noche.
— Andresjourney (@andresjourney) May 20, 2023
Saludos.
Si compartan den crédito. pic.twitter.com/JHzWADNvI2
Вулканот, попознат како „Ел Попо“, упорно исфрла отровни испарувања, пепел и грутки од вжештена карпа речиси 30 години, откако се разбуди од долг сон во 1994 година.
Откако неделава повторно исфрли огромни облаци од пепел 11 села да ја откажат наставата.
Жителите не беа единствените кои внимателно го следеа високиот врв. Секој пат кога Попокатепетлу покажува какви било знаци, десетици научници, мрежа од сензори и камери и просторија полна со моќна опрема го следат секое негово движење.
Вулканот е 72 километри југоисточно од Мексико Сити, но е многу поблиску до источните рабови на градското подрачје од 22 милиони луѓе. Градот, исто така, се соочува со закани од земјотреси и слегнување на земјата, но вулканот е највидливата потенцијална опасност - и најмногу надгледувана. Тешка ерупција може да го наруши воздушниот сообраќај или да го задуши градот со облаци од пепел.
Вкупно 13 научници од мултидисциплинарен тим се менуваат во командниот центар деноноќно. Тие треба да бидат способни да предупредат за претстојниот облак од пепел, за луѓето да можат да преземат мерки на претпазливост. За разлика од земјотресите, времето на предупредување за вулканска ерупција може да биде подолго и генерално е попредвидливо.
Salí a ver si está cayendo ceniza de la erupción estromboliana del #Popocatépetl.
Usé una lámpara para aluzar y encontré esto. Estoy emocionado.
Aunque ojo, la ceniza volcánica es peligrosa pa las vías respiratorias.
GAM, CDMX 02:21 | 20/05/23 pic.twitter.com/FXiAkgzsMe
Неодамна, истражувачот Паулино Алонсо го обиколи Попокатепетл, проверувајќи ги читањата во командниот центар управуван од Мексиканскиот национален центар за превенција од катастрофи, познат по неговите иницијали ЦЕНАПРЕД. Тоа е сложена задача која вклучува сеизмографи кои ги мерат внатрешните потреси на вулканот, што може да укаже дека жешките карпи и гасот се движат нагоре кон отворите на врвот.
Следењето на гасовите во блиските извори и на врвот на вулканот - и шемите на ветерот што помагаат да се одреди каде пепелта може да се движи - исто така играат важна улога.
Силите внатре во вулканот се толку големи што можат привремено да го деформираат врвот, па камерите и сензорите мора да ја следат самата форма на Попокатепетл.
Фото: Принтскрин/Твитер