АКТЕРОТ ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИКА: Вил Смит идниот претседател на САД?
Американскиот глумец Вил Смит откри дека планира активно да се занимава со политика и дека има намера еден ден да стане претседател.
„Сакам да пробам да ја променам политичката и друштвената клима која толку ме иритира што не можам да спијам. Јас во животот се качувам и кога ќе ја видам планината се сопнувам на неа. Осеќам потреба дека треба да бидам корисен за овој свет” – вели Смит кој освен со глума, се занимава со музика и продукција.
Познатиот актер смета дека би бил одличен на полето на политиката и веќе се подготвува за тоа.
„Напорно работам, а мојата елоквентност, говорот на телото и мојата способност за идеи се се подобри. Со оглед на актуелното политичко опкружување, сметам дека има иднина за мене.” – вели Вил Смит.
