Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аксонов: Референдумот на Крим никој не може да го спречи

Аксонов: Референдумот на Крим никој не може да го спречи

 Референдумот за присоединување на автономната република кон Русија никој не може да го спречи, изјави денеска премиерот на Крим, Сергеј Аксонов.

Според него кримските власти ќе продолжат во правец на реализација на референдумот и дека пратениците во кримскиот Парламент едногласно ја исполниле одлуката на народот кога го закажале гласањето за 16 март.

- „Со цел да се избегнат провокации, бидејќи ситуацијата во Украина е многу тензична“, референдумот е закажан во толку краток период, објасни премиерот.

Парламентот на Крим, во кој мнозинството го сочинуваат етнички Руси, во четвртокот изгласа Крим да се приклучи кон Русија.

За САД и ЕУ планот за одржување референдум е нелегитимен и претставува кршење на украинскиот Устав.

Слично

Поврзани вести