„Аксел Шпрингер“ очекува рекордна година
Најголемата германска издавачка куќа "Аксел Шпрингер" очекува рекордна година и покрај намалувањето на оперативниот профит во третиот квартал од оваа година од 4,4 отсто на 150.600.000 € кој најмногу се должи на намалената продажба на печатени весници. Во првата половина на годината, "Аксел Шпрингер", оставрил оперативен профит од 288.700.000 €, што е 10,5 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година.
-По девет месеци, Аксел Шпрингер е на пат да постигне уште еден рекорд - изјави извршниот директор Матиас Дефнер.
Од компанијата истакнаа дека благодарение на дигиталните изданија компанијата успеала да остане на нозе.
- Националените весници и списанија и понатаму остануваат високо профитабилни и покрај економски предизвици - објасни директорот "Аксел Шпрингер".
Падот на профитот на германската компанија на годишно ниво е 0,7 отсто, или 787.000.000 €, соопштуваат од агенцијата АФП.
Слично
