АКО ВОЈНАТА ТРАЕ МОСКВА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ: Политичкиот експерт Сет Џонс анализира-руските војници ќе бидат распарчени во случај на герилска војна
Отпорот на
Украина на руската инвазија покажа сила што изненади многу аналитичари, но меѓународниот експерт Сет Џонс, потпретседател
на Центарот за стратешки и меѓународни студии истакна дека на Москва и се пишува
лошо ако нејзините сили не можат брзо да ја освојат Украина со сегашниот број
руски војници.
„Руската армија е преоптоварена и е во несигурна позиција ако војната во Украина се оддолжи“, оценува Џонс, појаснувајќи го својот став со бројноста на руската армија и украинското население.
„Да се претпостави дека има 150.000 руски војници и 44 милиони жители во Украина, тоа е сооднос од 3,4 војници на 1.000 луѓе. Не можете да држите територија со тие бројки“, рече Џонс.
Џонс го спореди сегашниот сооднос на руските сили со окупациите од некои претходни војни ширум светот, велејќи дека успешните окупации имале просечна сила која била „астрономски повисока“ од руските.
Примери за тоа се:
Сојузничките сили кои ја окупираа Германија во 1945 година имаа 89,3 војници на 1.000 жители.
Во 1995 година, силите на НАТО во Босна имаа 17,5 војници на 1.000 жители.
Силите на НАТО во Косово во 2000 година имаа 19,3 војници на 1.000 жители.
И меѓународните сили во Источен Тимор во 2000 година имаа 9,8 на 1.000 жители.
„Големиот број војници и полицајци се клучни за воспоставување на основниот закон и ред. Всушност, бројот на руски војници во Украина не е доволен ниту за да се задржи некој поголем град долго. И ако руските окупатори се соочат со герилска војна во случај на пад на украинската влада, шансите нема да бидат во корист на Русија. Тие ќе бидат во сериозна опасност да бидат растргнати од украинските бунтовници", смета Џонс.
