Ако внесете кеса во оваа земја, ве чека затвор!
Кенија ја забрани употребата, производство и увоз на пластични кеси. Тамошната влада се обидува да ја заштити и онака загадената животна средина.
Секој кој ја прекрши забраната би можел да се соочи со казна од 38 000 долари, односно со казна затвор од четири години.
Министерството за заштита на животната средина соопшти дека патниците кои доаѓаат во Кенија ќе мора да ги предадат пластичните кеси и торби на аеродромот.
Се проценува дека жителите на Кенија користат месечно и повеќе од 24 милиони пластични кеси и кесички, така што купишта може да се видат ширум земјата.
Голем проблем во последно време претставува и тоа што крупниот добиток ги голта кесите, па така во кланиците наоѓаат околу 20 кеси по крава.
Произведувачите на кеси во Кенија се жалеле на забраната и тврдат дека со оваа одлука може да се изгубат и до 80 000 работни места. Судот сепак мисли дека грижата за животната средина е поважна од комерцијалните интереси.
