Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако „Вагнер“ се повлече, за Кадиров освојувањето на Бахмут било прашање на часови

Ако „Вагнер“ се повлече, за Кадиров освојувањето на Бахмут било прашање на часови

Подготвени сме да го замениме „Вагнер“ на позициите во Бахмут, вели чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. 

Вели дека чеченските единици се подготвени да ги заменат Евгениј Пригожин и „Вагнер“ на позициите во Бахмут.

„Ако постариот брат Пригожин и „Вагнер“ заминат, тогаш Генералштабот ќе изгуби искусна борбена единица, а неговиот помлад брат Кадиров и „Ахмат“ ќе го заземат неговото место во Артјомовск (Бахмут). Ако сценариото е, сепак, вакво, тогаш нашите борци се подготвени да напредуваат и да го заземат градот. Тоа е прашање на часови. Но, би сакал да ги заземеме преостанатите два километри од градот не по цена на животите на нашите војници, туку како резултат на меѓусебно разбирање, поддршка и решителноста на командата и борците да ја исполнат наредбата на врховниот командант на Русија, Владимир Владимирович Путин“, се вели во соопштението на чеченскиот лидер.

Претходно, Пригожин кажа дека на 10-ти мај ќе си заминат од Бахмут, ако не добијат муниција. Тој го критикуваше државниот врв во Русија дека не им доставиле муниција и дека тоа ги чини живот неговите борци. Украина најавува контраофанзива. Инаку, Кадиров уште лани најавуваше дека за многу кратко време ќе ја порази Украина. Неодамна тој нудеше пари да му го најдат украинскиот војник кој го запалил Куранот и се снимал. Русија ја нападна Украина на 24 февруари лани. 

Слично

Поврзани вести