Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако успее унгарскиот референдум, ќе предизвика цунами од референдуми во Европа …

Ако успее унгарскиот референдум, ќе предизвика цунами од референдуми во Европа …

Во Унгарија во октомври ќе има референдум во врска со квотите за прием на мигранти во ЕУ.

Премиерот Виктор Орбан очекува дека уште најмалку три земји - Чешка, Полска и Словенија, ќе го следат примерот на неговата земја.

„Ако унгарскиот референдум во октомври биде успешен, тоа може да доведе до појава на цунами од референдуми во Европа и уште повеќе ќе се тресе ЕУ“, рече Орбан.

Владејачката партија Фидес е на мислење дека овој референдум „е прашање на живот и смрт“, кога се однесува до иднината на Унгарија.

Целта на референдумот е да биде прикажано дека мнозинството од Унгарците се против бриселската бирократија, рече Орбан.

За да се оствари неговата цел и референдумот да успее треба да гласаат најмалку 4 милиони Унгарци.

Прашањето на кое на 2 октомври одговор треба да дадат Унгарците, е: „Сакате ЕУ да има право да испраќа странски државјани во Унгарија без дозвола на парламентот?“.

Орбан е уверен дека евентуалниот успех на референдумот ќе предизвика во Европа домино ефект, пишува британскиот весник. „Експрес“.

„Очекуваме многу други европски земји, а особено оние од Вишеградската четворка, да тргнат по стапките на Унгарија“, рече во оваа врска Орбан.

Слично

Поврзани вести