Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако убедат некого да се вакцинира, ќе добијат ваучер

Ако убедат некого да се вакцинира, ќе добијат ваучер

Швајцарија ќе ги награди со ваучер оние кои ќе убедат други лица да се вакцинираат. 

Ваучерот е во вредност од 50 швајцарски франци. Од Владата велат дека секој може да убеди пријател, колега, сосед да се вакцинира. Локалните власти ќе решат каде ќе може да се искористи ваучерот, на пример дали во кината или рестораните. Во земјата само 58 проценти од 8,7 милиони население се имунизирани. Со тоа Швајцарија е една од државите со најниските стапки во Западна Европа. Лидер е Португалија. 

Слично

Поврзани вести