Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Трамп победи на изборите обложувалниците ќе банкротираат

Ако Трамп победи на изборите обложувалниците ќе банкротираат

Моменталните коефициенти за победа на Доналд Трамп на претстојните избори за претседател во САД се огромни, па доколку тој победи има шанси да ги банкротира обложувалниците кои ќе мора да исплатат огромни суми на пари. Секако, под претпоставки дека има доволно „луди“ коцкари кои ќе вложат пари за негова победа. 

Според „букерот“ Џими Вакаро од Лас Вегас засега Хилари Клинтон има 92% шанси да ги освои гласачите и да стане првата жена претседател на САД со тоа што и коефициентите за нејзина победа се неисплатливи. Од друга страна пак, Трамп со само 8% шанси за победа има огромен коефициент кој на коцкарите би им донел огромна заработка. 

Во Република Ирска веќе започнаа да им ги исплаќаат тикетите на играчите кои типувале на Хилари пред коефициентите да паднат со цел да заштедат на својот буџет бидејќи сметаат дека таа е сигурен победник и ако чекаат до изборите ќе мора да ја платат целата сума.


Слично

Поврзани вести