Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Трамп не го поканат на кралска венчавка ќе избие скандал

Ако Трамп не го поканат на кралска венчавка ќе избие скандал

Британската влада стравува дека претстојната венчавка на принцот Хари со актерката Меган Маркл може да предизвика дипломатски скандал меѓу двете земји од протоколарни причини.

Новите младоженци кои ќе станат дел од британското кралско семејство сакаат на венчавката да ги поканат Барак и Мишел Обама, но не и актуелниот американски претседател Доналд Трамп со кого не се во добри односи.

Затоа британската влада очекува жестока реакција од Трамп кој би се осетил понижен затоа што не е удостоен со покана за кралската венчавка на сметка на екс претседателот Обама кого го презира и прави се што е во негова моќ да ги уништи сите политики на претходната администрација. 

Венчавката на принцот Хари кој е помлад брат на принцот Вилијам и син на принцот Чарлс со актерката Меган е планирана за мај месец следната година, па така има доволно време да се вложат напори да не дојде до политички скандал и нарушување на односите меѓу САД и Велика Британија. 

Инаку во Америка владее многу поголема еуфорија за кралската венчавка и медиумите речиси секојдневно откриваат по некој нов детаљ, додека пак во Англија речиси и да нема никаква возбуда. 

Слично

Поврзани вести