Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сте разумни и патриоти напуштете го Бахмут - порака од украинската Влада до жителите

Ако сте разумни и патриоти напуштете го Бахмут - порака од украинската Влада до жителите

Украинската Влада ги повика жителите на Бахмут да го напуштат градот. Дел од жителите уште се во градот. 

„Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут)“, им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук. Владата претходно објави дека во Бахмут загинале пет цивили, а девет се повредени. Sпоред Верешчук сега во градот има околу 6.000 жители.

Русија губи 2.000 војници на секои 100 метри освоена територија, пишува „Тајмс“. 

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека може да бидат потребни месеци за да се заземе украинскиот град Бахмут и ја обвини „монструозната бирократија“ на Москва за одложување на воениот напредок.

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести