Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сте милијардер, оваа веб страна е направена за вас!

Ако сте милијардер, оваа веб страна е направена за вас!
Тешко е да се биде милјардер - не постои едноставен начин да се купат скапоцените работи како што се луксузни станови, јахти, приватни авиони и скапоцени автомобили. Но, новата интернет страна The Billionaire Shop - продавница за милјардери, конечно им овозможува на богатите луѓе само со еден клик да купуваат луксузни "играчки" како што е ново Ferrari, стан на кровот на облакодер во центарот на Мајами, Bombardier приватен авион и слични луксузи за богатите. Идејата за оваа веб страна ја доби една шведска компанија која ја води и меѓународната страна за лотарија Multilotto.com. Тие сфатиле дека луѓето кои освојуваат големи износи на лотарија често не знаат на што да ги потрошат освоените пари. "Фирмите за игри на среќа не се грижат секогаш за победниците, па не нудат совети како тие да ги потрошат парите. Сакавме тоа да го промениме" - изјавил портпаролот на овој сајт.
Слично

Поврзани вести