Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако си ја исполни „домашната задача“ Украина може да влезе во ЕУ до 2030

Ако си ја исполни „домашната задача“ Украина може да влезе во ЕУ до 2030

Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030, вели претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. 

Тој го поддржува приемот на Украина во Европската унија до 2030 година, доколку се исполнат одредени услови и ако секој си ја заврши својата „домашна задача“. Тој порача и дека Европската унија мора да го забрза процесот на одлучување.

„Украина може да биде дел од Европската унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача“, изјави Мишел во интервју за Шпигел. 

Проширувањето на ЕУ ќе биде тема на состанокот на европските лидери в четврток и петок во Гранада.

„Со брзиот прием на Украина, Европската унија би докажала и дека е способна за геополитичко дејствување“, додава тој.

Сепак, тој нагласи дека нема да има олеснување на критериумите за пристап за Украина или други кандидати. Освен Турција, тоа се шесте земји од Западен Балкан и Молдавија. Украина е кандидат за членство во ЕУ од јуни 2022 година. За почеток на преговорите треба едногласна одлука на 27 земји-членки. Украинскиот премиер Денис Шмигал рече дека за две години ќе настојува да ја внесе Украина во ЕУ. 

Рече дека Украина не сака да биде членка на ЕУ од втор ред.  Шмигал во изјава за „Политико“ изјави дека целта на Украина е „да стане полноправна кандидатка за полноправно членство“ во ЕУ.

фото МИА

Слично

Поврзани вести