Ако се преселите во оваа земја, заборавете на навиката „направи сам“
Некои домашни поправки се забранети во Германија. Целта е да се избегнат несреќи.
Тука се мисли на поставување полици, бојадисување ѕидови или менување светилки. Некои луѓе дури се обидуваат самите да направат поправки на електричната инсталација. Сепак, лицата кои не се професионалци, ова не смеат да го прават сами.
Електричните системи приклучени на јавната мрежа во Германија не смеат да ги чепкаат непрофесионалци. Германците доколку имаат потреба мора да повикаат специјализирана фирма. Ова е важно да го знаат оние граѓани кои планираат заминување во Германија. Земјата го олеснува процесот за добивање на државјанство, а со тоа и на многу Балканци ќе им се исполни сонот да заминат во Германија.
Заинтересираните важно е да знаат дека Германија има два милиони слободни работни места.
foto freepik.com
