АКО СЕ ПОЈАВИЛА ТРОМБОЗА ПО ПРВАТА, НЕМА ВТОРА ДОЗА - Европскиот регулатор со нова препорака за АстраЗенека
Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека вакцината на против Ковид-19 на Астразенека не треба да се дава на секој што имал згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити по првата доза.
Регулаторното тело за здравство на ЕУ препорача и сите оние кои се имунизирани со вакцина на Астразенека да бидат под медицински надзор три недели од вакцинацијата поради можни несакани ефекти, пренесува „Ројтерс“.
ЕМА ги даде овие препораки по тековните извештаи за ретки, но сериозни појави на крвно згрутчување, кои најверојатно се поврзани со имунизација со оваа, но и вакцината на „Џонсон и Џонсон“.
Слично
