Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сакате да станете милионер, вработете се како банкар во Британија

Ако сакате да станете милионер, вработете се како банкар во Британија
Објавувајќи за прв пат податоци за платите на банкарите, Европската банкарска агенција (ЕБА) обелодени дека во Велика Британија, во 2011 година, поголем број на банкари заработиле по милион евра. ЕБА наведува дека 2.436 банкари во Велика Британија заработиле по еден милион евра, или дури повеќе во 2011 година, што не е случај со другите земји членки на Европската унија. Од нив, 1.809 се вработени во инвестициони банки, 85 во банкарство на мало, 182 се занимаваат со управување на актива, а 360 во други банкарски сектори. ЕБА, која предлага платата на банкарите да не може да биде поголема од 500.000 евра годишнно, соопшти дека само 170 банкари во Германија имаат заработка поголема од еден милион евра, потоа во Франција 162, во Шпанија 125, во Италија 96 и во Холандија вкупно 36 банкари.    
Слично

Поврзани вести