Ако сакате да летувате во Шпанија, властите објавија кои се условите за влез
Шпанија од 7 јуни ги отвара границите за граѓани од трети земји.
Детали денеска даде шпанскиот премиер Педро Санчез. Неопходно е да имаат сертификат кој докажува дека тие примиле вакцини кои се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО). ЕМА ги одобри вакцините на „Фајзер“, „Астра-Зенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, додека СЗО ја одобри кинеската вакцина на „Синофарм“ за итна употреба, а руската вакцина „Спутник В“ засега не е на ниту една листа.
Санчез најави и дека од 24 мај Шпанија ќе им дозволи на туристите од земјите кои не се членки на ЕУ, а кои се сметаат дека носат мал ризик од зараза, да влезат во Шпанија без негативен ПЦР тест. На оваа листа меѓу останатите ќе бидат Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд и Израел. 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август.
foto freepik
