Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aко сакаат диплома, мора да засадат дрвја

Aко сакаат диплома, мора да засадат дрвја

Филипинските власти ги обврзува сите средношколци и студенти да засадат најмалку 10 дрвја пред да го завршат своето образование. 

Се надеваат дека законот ќе придонесе во борбата со климатските промени.

Дрвјата ќе се садат во постоечки шуми, заштитени подрачја, воени подрачја, напуштени рударски места. Видот на дрвјата мора да одговара на локацијата каде што ќе се садат, на климата и топографијата на областа, велат од владата.

Министерството за образование и Комисијата за високо образование на Филипини, заеднички ќе го спроведуваат законот.

Се очекува да има 525 милијарди засадени дрвја по генерација, ако се спроведува како што треба.

„Со 12 милиони ученици кои завршуваат основно образование, околу пет милиони студенти кои дипломираат и скоро 500,000 студенти кои дипломираат на колеџите, ако правилно се спроведува законот, секоја година ќе бидат засадени најмалку 175 милиони нови дрвја“, вели Гери Алехано, еден од авторите на легислативата.

Шумската маса поради нелегална сеча од 70% се намалила на 20% во текот на 20. век.

Во друг дел на светот, повеќе од 130.000 дрвја ќе бидат засадени низ Англија во борбата против климатските промени.

Слично

Поврзани вести