Aко САД со војска влезе во Венецуела, Русија има план
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео побарал од нив да престанат да го поддржуваат венецуелскиот претседател, Николас Мадуро.
Ако Вашингтон се одлучи за воена интервенција во Венецуела, Лавров вели дека ќе формираат група на земји кои ќе се спротивстават на таа идеја.
Лавров рече дека ќе продолжат да разговараат со Вашингтон за Венецуела и дека нивните ставови се неспоиви.
Сепак, Лавров вели дека се подготвени да разговараат.
Слично
