Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако САД нападне, дали Венецуела има капацитет да одговори?

Ако САД нападне, дали  Венецуела  има капацитет да одговори?

Венецускиот претседател Николас Мадуро ќе возврати на инвазијата на Пентагон со „скриена герилска саботажа“ со употреба на 5.000 руски преносни ракети „ИГЛА“, анализира агенцијата Ројтерс повикувајќи се на документи. Но, истовремено на Венецуела ѝ се заканува потенцијална анархизација, пишува медиумот.

Пред да почне каков било напад, безбедносните служби и партиските вооружени групи би создале хаос во Каракас, со цел да стане невозможно да се управува со земјата.

Војниците на Венецуела добиле наредба да се засолнат и дејствуваат независно при напад, се вели во анализата. Мадуро често зборува за „народна мобилизација“ и тврди дека над осум милиони луѓе се обучени за отпор, но независни извори велат дека реално само неколку илјади луѓе се способни да војуваат.

Според извори од Каракас, владата на Николас Мадуро распоредила војска, полиција и милициски сили на 284 „борбени фронтови“. Главната стратегија е не фронтална борба, туку „продолжен отпор“ преку герилски акции, саботажи и децентрализирана одбрана на повеќе точки низ земјата.

Од друга страна, вооружувањето на земјата е застарено, се вели во анализата.

Воeни аналитичари предупредуваат дека можен конфликт би го дестабилизирал целиот регион, особено Колумбија и Гвајана, каде што веќе има вооружени групи и наркокартели.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го затвора воздушниот простор над Венецуела. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести