Ако Русија ја помине „црвената линија“, ќе има судир со НАТО
НАТО е спремно за судир со Русија.
Претседателот на воениот комитет на НАТО, адмиралот Роб Бауер кажа дека Алијансата е подготвена за директен конфликт со Русија, пишува Ал џезира.
Според него, НАТО ќе одговори само доколку Русија ја премине „црвената линија“ со инвазија на една од земјите-членки на Алијансата, јави Танјуг, повикувајќи се на ТАСС.
Верува дека целта на Русија е да оди уште подалеку од Украина, на други територии на поранешниот СССР.Инаку, Модлавија бараше системи за противвоздушна одбрана. Властите лани објавија дека Русија ќе ги нападне, само е прашање на време. Според нив, оваа година можно е Русија да почне инвазија на Молдавија.
Слично
