Ако Путин не сака преговори, Зеленски има план
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека ќе го повика американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Русија, кога ќе се сретнат следната недела во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Тој ги повика сојузниците на Украина да „престанат да губат време“.
Зеленски на прес-конференција во својата канцеларија во Киев изјави дека очекува да бидат воведени дополнителни санкции против Русија ако претседателот Владимир Путин одбие да се сретне со него или да се согласи за прекин на огнот, објави The Guardian.
„Ако војната продолжи и нема напредок кон мирот, очекуваме санкции“, рече Зеленски.
Трамп постојано се закануваше дека ќе преземе мерки против Русија, а минатата недела изјави дека САД се подготвени да „воведат големи санкции“ врз Русија, но само откако сите земји од НАТО ќе се согласат да престанат да купуваат нафта од Русија и да воведат царини врз Кина.
Зеленски рече дека сака „цела Европа“ да воведе санкции врз Русија и дека Трамп би можел да ги „охрабри“ европските земји да сторат повеќе, додавајќи дека проруската влада на Словачка веројатно ќе одговори на американскиот притисок. Војната почна на 24 февруари во 2022 година.
фото принтскрин
