Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АКО ПУТИН ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА ЌЕ ГО ИЗГУБИ И ЖИВОТОТ“: Стигна предупредување директно од рускиот олигарх Ходоровски

„АКО ПУТИН ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА ЌЕ ГО ИЗГУБИ И ЖИВОТОТ“: Стигна предупредување директно од рускиот олигарх Ходоровски

Главниот критичар на Путин, Михаил Ходорковски, зборуваше за можноста за употреба на нуклеарно оружје во војната во Украина и за тоа како мобилизацијата е опасна.

Михаил Ходорковски, поранешен руски нафтен директор кој поминал години во затвор, проговори и за начинот на размислување на рускиот претседател Владимир Путин кога прогласил руска власт над делови од Украина. Некогаш беше најбогатиот човек во Русија, но беше ставен на црната листа на противниците на Путин бидејќи сакаше реформи и за тоа помина една деценија во затвор. Сега најголемиот критичар на Путин и живее во Британија каде ја објави книгата „Руската загатка: Како Западот падна за гамбитот на моќта на Путин - и како да се поправи тоа“.

„Путин сега е во тешка ситуација, ако ја изгуби војната во Украина, ќе ја изгуби моќта и авторитетот, а веројатно и животот. Во овој контекст тој е подготвен да ги искористи сите средства што му стојат на располагање, неговото закани со нуклеарно оружје не е блеф. Но, сега кога најави мобилизација, тоа значи дека не планира да користи нуклеарно оружје во скоро време, веројатно ќе биде одложено до следната година“, рече Ходоровски.

„Мислам дека ако мобилизацијата не ја донесе победата што ја очекува, употребата на нуклеарно оружје ќе се врати на дневен ред. Кога ја најави мобилизацијата, направи опасен потег, им даде оружје на обичните луѓе, а кои се тие? Кога ќе дојдат на фронтот и кога ќе видат каква е ситуацијата и што се случува, лесно можат да се свртат и да го нападнат Кремљ. Тоа се случувало и порано во руската историја“, нагласи поранешниот олигарх.



ФОТО: EPA/JUSTIN LANE

Слично

Поврзани вести