Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако продолжи намалениот бегалски прилив, Германија ќе ја тргне контролата на границата

Ако продолжи намалениот бегалски прилив, Германија ќе ја тргне контролата на границата

Германија може привремено да ја укине граничната контрола, воведена во септември, ако миграциониот прилив продолжи да се намалува, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер, пренесува Франс прес.

Нема да продолжиме со граничната контрола по 12 мај, ако приливот на мигранти остане на пониските нивоа од периодот по затворањето на Балканскиот пат, изјавил за австриската национална телевизија ORFD Мезиер, кој е во Австрија на средба со колегите од земјите во кои се зборува германски јазик.

Австрија, преку која преминуваше миграциониот поток кон Германија, исто така, одигра важна улога за затворањето на главниот транзитен правец кон Европа, забележуваат агенциите. Со затоплувањето на времето Австрија се подготвува за нов прилив на мигранти од Италија до која тие би можеле да стигнат од бреговите на Северна Африка преку Средоземното Море. Виена вели дека се подготвува да ја засили граничната контрола на граничниот премин Бренер.

„Италија не може да смета дека Бренер секогаш ќе биде отворен. Италија не може едноставно да ги насочува луѓето на север“, рече Де Мезиер. Во врска со намерата на Австрија да ја зајакне пограничната контрола, да постави огради и да се проверуваат автомобилите, ако сообраќајот во Бренер се зголеми, Де Мезиер изјави: „Се надеваме дека нема да има потреба да донесуваме такви решенија“. Но тоа ќе зависи и од однесувањето на Италија, додаде тој. Портпаролот на австриското Министерство за внатрешни работи изјави вчера дека бројот на мигрантите кои минуваат низ Австрија на пат кон Германија, е намален до нула. Неодамна Де Мезиер изјави дека во март тие биле околу 140 на ден, во споредба со илјадниците кои минуваа по овој пат пред неколку месеци, потсетува Ројтерс. Германската полиција соопшти дека во првите три месеци од годината се извршени речиси 300 напади и други злосторства против бегалски центри во Германија, пренесе Ројтерс. Податоците покажуваат дека во 2016 бројот на нападите може да го надмине нивото од минатата година. Доаѓањето на над 1 милион мигранти во Германија во 2015 година предизвика значително зголемување на нападите врз бегалски центри. Минатата година нивниот број достигна 1029. За споредба во 2014 година тие беа 199, а во 2013 година - 69. Во последните недели сепак миграциониот поток кон Германија сериозно се намалува, откако практично беше затворен балканскиот правец на движење на луѓе во Југоисточна Европа. Не е јасно како може да се одрази тоа врз идни напади. Полицијата вели дека во првиот квартал на 2016 година се регистрирани 292 кривични дела, од кои 33 пожари, 59 насилства и една експлозија. Останатите биле штета над имотот и нарушувања со пропаганден карактер.
Слично

Поврзани вести