Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако планирате да летувате кај нив, оваа земја за 100 дена ќе има колективен имунитет

Ако планирате да летувате кај нив, оваа земја за 100 дена ќе има колективен имунитет

Атрактивната Шпанија, земја која многумина ја посакуваат како дестинација за одмор за стотина дена ќе има колективен имунитет. 

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Шпанија е на 100 дена од стекнувањето на колективен имунитет. Вели дека 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис”.

Досега се потрошени 19 милиони дози вакцини. Во земјата 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле и втората доза.

Со забави по улиците во сите поголеми градови, Шпанците го прославија крајот на вонредната состојба и укинувањето на полицискиот час, кој беше на сила шест мессеци. Во Шпанија од коронавирусот починаа скоро 79.000 луѓе. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести