Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во некој од овие европски градови, пазете се од џепароши!

Ако патувате во некој од овие европски градови, пазете се од џепароши!

Каде што има туристички атракции, тука се и ситните крадливци. Сепак на овие места, ги има МНООГУ.

Ви ги претставуваме дестинациите во кои има најмногу шанси да бидете ограбени.

Барселона, Шпанија

Повеќе од 7,5 милиони туристи ја посетуваат Барселона секоја година. Секако, најмногу внимание привлекува нејзината пешачка зона Лас Рамблас, па во неа има и најмногу џепароши. Би било паметно да се „наоружате“ со скриен паричник, како оние кои се носат под пазувите.

Прага, Чешка

Повеќе од пет милиони туристи ја посетуваат Прага годишно, а најмногу се ограбувани на Карлов мост, додека уживаат во убавините на Стариот град.

Рим, Италија

Некој би рекол дека туристички места како Шпанските скали и фонтаната Треви се најчести места на кои шетаат џепарошите, но најмногу паричници, апарати и мобилни телефони се крадат во Виа Деи Фори, односно во близина на Колосеумот.

Париз, Франција

Секако, Ајфеловата кула која секогаш е опкружена со туристи, е една од атракциите кај кои најверојатно ќе се обиде некој да ви брцне во џеб, но меѓу крадливците се популарни и Лувр и Нотрдам.

Кога се работи за остатокот од Европа, посебно внимание треба да обратите во Оксфорд улицата во Лондон и Понте Векиј во Фиренца.

Вреди да се знае дека патното осигурување не може да ви ги надомести некои видови на штета, па треба да се навикнете да се грижите за своите работи повеќе кога не сте дома.

Слично

Поврзани вести