Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во Германија, се воведуваат нови мерки поради омикрон

Ако патувате во Германија, се воведуваат нови мерки поради омикрон

Доколку патувате во Германија, во оваа земја се воведуваат нови мерки поради ширењето на омикрон. 

Tие ќе стапат на сила на целата територија на Германија во вторник. Во целата држава важи правилото за собирање најмногу на десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани.

Ако меѓу овие лица има невакцинирани лица, тогаш важи правилото дека насобраните можат да бидат едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство.

Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени до 200 луѓе само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го прележале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар.

Од денеска се затворени и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири.

Омикрон зема сериозен замав во Европа. Тој веќе доминира и кај јужниот сосед. 

Во новата 2022 година се очекува овој сој да доминира во Европа. 

Слично

Поврзани вести