Ако патувате во Германија, има нови правила за влез
Од недела невакцинираните за влез во Германија ќе треба да покажат негативен тест.
Патниците кои од 1 август ќе сакаат да влезат во Германија ќе треба да покажат негативен тест за коронавирусот, само ако немаат потврда дека се вакцинирани или дека прележале коронавирус. Мерката се однесува за сите патници постари од 12 години, а германските власти ја воведуваат во период кога земјата се соочува со зголемување на бројот на новозаразените. Во моментов, се бара негативен тест само за патниците кои доаѓаат со авион, а мерката сега се проширува на сите без разлика дали влегуваат во Германија со авион, воз, автомобил.
Слично
