Ако патувате во Франција или Британија важно е со која вакцина сте вакцинирани
Има нови правила за влез во Британија и Франција. Овие две држави имаат нови ковид-протоколи, а вакцинираните со Спутник V и натаму ќе ги третираат како да не се вакцинирани.
Целосно вакцинираните лица, во согласност со утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во земјата. Сепак, останува на сила обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.
Во Франција македонските државјани можат да влезат само доколку се вакцинирани, и тоа со Фајзер, Модерна, Астразенека, и Џонсон и Џонсон. Услов е да се поминати 28 дена од Џонсон и Џонсон вакцината, како и 7 дена од трета доза вакцина Фајзер за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација.
Повеќе европски земји ги олабавуваат ковид мерките. Научниците велат дека и натаму ќе има нови соеви на коронавирусот.
