Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aко патувате во Египет, земјата ги олеснува рестрикциите

Aко патувате во Египет, земјата ги олеснува рестрикциите

Ако летувате во Египет, земјата ги олеснува рестриктивните мерки за туристите. 

Дискотеките и ноќните клубови ќе бидат отворени до 2:00 часот наутро. Но, останува забраната за служење наргиле во ресторани, кафулиња и други јавни места. По 16 месеци, Министерството за туризам и антиквитети дозволи повторно отворање на театри, концертни сали, забавни паркови, казина, ноќни клубови и дискотеки, вклучувајќи ги и оние лоцирани во хотелските комплекси. Нивното функционирање е ограничено на 70 проценти од максималниот капацитет на салата, со почитување на сите санитарни мерки и добивање на соодветна лиценца од Министерството за туризам. Министерството за туризам претходно ја зголеми максималната искористеност на хотелите и рестораните од 50 на 70 проценти.

За разлика од нив, земјите во Европа ги враќаат рестрикциите. Досега во Египет над 16.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

Негативен ПЦР тест и тоа не постар од 24 часа мора да покажат патниците од Велика Британија, Шпанија, Португалија, Кипар, Грција и Холандија ако влегуваат во Франција.

Шпанските здравствени власти повторно се соочуваат со проблеми поради забрзаната трансмисија на делта варијантата на коронавирусот.

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести