Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во Австрија, еве кои услови треба да ги исполнувате за влез

Ако патувате во Австрија, еве кои услови треба да ги исполнувате за влез

Австрија воведува „ковид-пасоши“, и предлага тие да важат и за граѓаните од Западен Балкан. 

Австрија сака да воведе „зелени пасоши“ за коронавирус во дигитална форма од 4 јуни годинава. Пасошите ќе бидат во форма на кју-ар код, кој ќе биде достапен на мобилните уреди, најави вчера министерката за туризам Елизабет Костингер, јави ДПА.

Од 19 мај во земјата  ќе важат разни сертификати за вакцинација, тестирање или за прележан коронавирус. Тоа ќе овозможи пристап до културни и спортски настани и хотели.  При посета, на пример на ресторан, ќе треба да се прикаже кју-ар кодот на телефон и така се вчитуваат потребните податоци. Зелениот пасош треба да биде воведен на европско ниво во средината на јуни. Пандемијата го промени и начинот на патување во светот. 

Слично

Поврзани вести