Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ПАДНЕ УШТЕ СНЕГ САД ЌЕ БИДАТ ВО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Школите затворени, нема струја, летовите откажани (ВИДЕО)

АКО ПАДНЕ УШТЕ СНЕГ САД ЌЕ БИДАТ ВО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Школите затворени, нема струја, летовите откажани (ВИДЕО)

„Кога зборуваме за многу населени области, зголемениот снег станува проблем“

Зимската бура во понеделникот донесе обилни снежни врнежи проследени со силен ветер во поголемиот дел од источниот брег и југоисточниот и централниот дел на САД.

Според тамошните медиуми, поради тоа федералните служби и училиштата морале да ја прекинат работата, а доцнење на летовите и прекин на електричната енергија имало за голем број домаќинства.

Националната метеоролошка служба објави 12 до 25 сантиметри снег и ветрови до 64 километри на час за време на првата снежна бура во тој дел на Америка оваа сезона, пренесува Ројтерс.

Предупредување за снежна бура е издадено во сите држави од Јужна и Северна Каролина до Њу Џерси. Националната метеоролошка служба извести дека во главниот град Вашингтон паднале 21,59 сантиметри снег, во Источен Тенеси 22,86 сантиметри, во Вирџинија 37 сантиметри и во Мериленд 39,37 сантиметри.

„Кога зборуваме за многу населени области, зголемениот снег станува проблем“, рече Остин Менсфилд, метеоролог во Националната служба, кој рече дека зимската бура се намалува.



 FOTO: PRINTSCREEN/YOUTUBE/WASHINGTON POST

Слично

Поврзани вести