АКО ОДИТЕ ВО КУШАДАСИ: За кинење на овој загрозен вид цвеќе следи огромна казна
Турција воведе парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе.
Се работи за видот Centaurea mykalea, познат меѓу локалното население како „Ајдин гашаѓи“ или „тулуша“ кој цвета кон крајот на мај и почетокот на јуни. Растението е препознатливо по своите интензивни жолти цветови.
Овој уникатен и загрозен вид расте само на територијата на Кушадаси. Неговиот опстанок е под сериозна закана поради интензивната урбанизација на местото, но и поради земјоделската дејност.
Слично
