АКО НЕКОЈ ОД ЛЕКАРИТЕ ДОЈДЕ И МИ РЕЧЕ ДЕКА ИМАМ НЕКАКОВ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: Бајден само така ќе се повлече од претседателската трка
Актуелниот
американски претседател Џо Бајден вели дека би размислил за повлекување од
претседателската трка само доколку се појави „медицинска состојба“, пишува
Њујорк Тајмс, цитирајќи извадок објавен од интервјуто на Бајден со Ед Гордон од
BET News.
Според Тајмс, Бајден бил запрашан дали има некоја причина што ќе го натера да се преиспита да остане во претседателската трка.
Како одговор, Бајден рече:
-Ако имав некоја здравствена состојба што би се појавила, ако некој од лекарите дојде кај мене и рече, го имате овој или тој проблем.
Претходно овој месец, Бајден за време на интервјуто со водителот на ABC, Џорџ Стефанопулос, рече дека ќе се откаже од трката само ако „Господ Семоќниот“ му каже да го стори тоа.
Коментарите на Бајден доаѓаат во време на зголемени повици од демократите да ја повлечат неговата кандидатура за реизбор поради загриженоста за неговата возраст и менталната компетентност, особено по неговите лоши дебатни перформанси против Доналд Трамп.
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN