Aко не се вакцинираат, нема да добијат ниту социјална помош
Со цел да го спречат ширењето на коронавирусот, многу земји во светот воведоа рестрикции за оние кои не сакаат да примат вакцина.
Во Индонезија во февруари е воведена обврската за вакцинирање, а секој што не сака да се вакцинира е предупреден за евентуално плаќање парична казна или одбивање на правото на социјална помош и користење на јавни услуги. Во Микронезија, држава во јужниот дел на Пацификот, вакцинацијата на возрасните е задолжителна од јули. Во Туркменистан имунизацијата е задолжителна за сите жители постари од 18 години.
Во многу земји, вработените во јавниот и приватниот сектор мораат да се вакцинираат.фото freepik.com
Слично
