Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО НЕ СЕ ПОЈАВИ НОВА ВАРИЈАНТА, ЌЕ БИДЕ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: СЗО со оценка, „никогаш не сме биле во подобра позиција за вакво нешто„

АКО НЕ СЕ ПОЈАВИ НОВА ВАРИЈАНТА, ЌЕ БИДЕ КРАЈ НА ПАНДЕМИЈАТА: СЗО со оценка, „никогаш не сме биле во подобра позиција за вакво нешто„

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге изјави дека доколку не се појави нова варијанта на коронавирусот, пандемијата би можела наскоро да заврши.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно овој месец изјави дека светот никогаш не бил во подобра ситуација да стави крај на пандемијата на Ковид-19.

„Никогаш не сме биле во подобра позиција да ставиме крај на епидемијата. Го гледаме крајот, но не сме таму“, изјави Гебрејесус.

Зборувајќи за телевизијата RUV, Клуге рече дека се согласува со изјавите на Гебрејесус.

„Доколку не се појави нова варијанта, епидемијата може да заврши наскоро. На ова треба да се надеваме“, изјави Клуге, пренесува N1.

Тој смета дека постојаното следење е важно и за брзо идентификување на новите варијанти.

Тој апелира до сите да добијат нова доза од вакцината против Ковид-19 пред зимата.

ФОТО: EPA/MARTIN DIVISEK

Слично

Поврзани вести