„АКО НЕ БЕВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ПУТИН ЌЕ ЈА ЗЕМЕШЕ ЦЕЛА УКРАИНА, НО НЕМА 'ЗАФРКАВАЊЕ' СО МЕНЕ“: Трамп пред историската средба во Аљаска
Доналд Трамп синоќа и се обрати на јавноста пред денешниот клучен состанок со рускиот претседател Владимир Путин.
Кога беше прашан дали Владимир Путин има „цврста рака“ пред состанокот, американскиот претседател одговори:
„Па, тој дојде во нашата земја“, објави Скај њуз.
Тој им рече на новинарите дека верува оти Путин сака договор.
„Мислам дека ако не бев претседател, тој ќе ја земеше цела Украина, тоа е војна што никогаш не требаше да се случи. Но, јас сум претседател и тој нема да може да се зафркава со мене“, рече Трамп.
Трамп, исто така, ја спомена можноста Алјаска да биде локацијата на втората средба, за која рече дека може да се случи многу наскоро.
Слично
