АКО НАТО НÈ ПРОВОЦИРА, ЌЕ УПОТРЕБИМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: Русија пак предупредува-„зошто да не, ние сме сила“
Заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации вели дека
Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје доколку НАТО го
испровоцира.
На прашањето дали Путин има право да го држи „чкрапалото за нуклеарна војна“, Дмитриј Полјански јасно одговори: „Ако Русија е испровоцирана од НАТО, ако е нападната, зошто да не, ние сме нуклеарна сила“.
„Не е во ред да има закани кон Русија и да има мешање во конфликтот. Доколку постои закана од напад со нуклеарно оружје, се разбира, треба да размислите за можните последици од вашето однесување“, рече тој.
Полјански ги отфрли наводите на американската администрација дека Русија е виновна за воени злосторства.
„Мислам дека не направивме воени злосторства, се разбира дека не е на мене да судам. Јас не сум таму, ниту сте вие. Гледате видеа полни со лажни вести, верувате во едно, јас верувам во друго “, нагласи тој.
„На почетокот рековме дека нашата војска нема да цели кон цивили во Украина, тие не се цел“, посочи тој.
