Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат

Рускиот разузнавач, Сергеј Наришкин вели дека ако НАТО ги нападне, некои земји како Полска и балтичките први ќе се соочат со последици, пренесе „ТАСС“.

Тој додаде дека при напад на Русија или Белорусија, одговорот ќе биде насочен кон целото НАТО, а Полска и балтичките земји ќе бидат првите што ќе настрадаат. Разузнавачот ја критикуваше Полска за милитаризација на границата со Русија и Белорусија. 

Тој повтори дека стратешките цели на Русија во Украина не се променети, односно сакаат демилитаризација, т.н. „денацификација“ и признавање на сегашните руски граници во кои спаѓаат и припоените украински територии. 

Русија деновиве изведе голем напад на Суми, каде имаше голем број жртви, а Украина објави дека во напад на Курск ја уништила бригадата која го направи масакрот. 

Слично

Поврзани вести