Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Макрон биде реизбран, ќе поднесам оставка, рече францускиот премиер

Ако Макрон биде реизбран, ќе поднесам оставка, рече францускиот премиер

Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека ако францускиот претседател Емануел Макрон биде реизбран на функцијата, тој ќе си поднесе оставка. 

Сепак, рече дека ќе ги следи изборните резултати и од нив ќе зависи како ќе постапи. 

„Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран“, рече Кастекс. 

Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, затоа што тоа го дозволува Уставот.

Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.

За Ле Пен рече дека никогаш не управувала со ништо, ниту била на власт. 

Ако се следи по анкетите, актуелниот претседател на Франција, Емануел  Макрон има шанси пак да победи на изборите. 

Водството на Макрон пред гласањето во вториот круг на 24 април се зголеми, при што три анкети предвидуваат поголем број гласови за актуелниот претседател од првиот круг, пишува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести