Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции со корона се зголемува

Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции со корона се зголемува

Ако пред година дена беше мистерија, денес научниците имаат се повеќе информации за коронавирусот. Поленот го зголемува ризикот од зараза со коронавирус.  Oва го покажа истражувањето на Техничкиот универзитет во Минхен и Центарот „Хелмхолц“ во Минхен. Ако има многу полен во воздухот, бројот на инфекции се зголемува, откри меѓународниот истражувачки тим.

Во некои германски градови за време на истражувањето количината на полен достигнала 500 на кубен метар на ден, што довело до зголемување на стапката на зараза за повеќе од 20 проценти. На места каде што нема мерки за заклучување стапката на зараза се зголемила за четири проценти,  кога присуството на полен во воздухот е зголемено за 100 на кубен метар.

Инаку, во Германија е откриен нов сој кој се смета дека е позаразен од основниот вирус. 

Слично

Поврзани вести