Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако има 1000 милијарди евра за буџетот, ќе има и вработување за младите во ЕУ

Ако има 1000 милијарди евра за буџетот, ќе има и вработување за младите во ЕУ

Утре во Брисел лидерите на Европската унија ќе го претстават предлогот за издвојување на повеќе од пет милијарди евра за борба против невработеноста на младите. Се очекува дека со новата програма, ќе се ублажи невработеноста кај оваа возрасна група која расте поради презадолженоста на поединечни региони и економската криза.

Според проценките, невработениста на младите во ЕУ годишно чини 150 милијарди евра, што е еквивалент на 1,2 отсто од БДП-то.

Најлоша е состојбата во Грција и Шпанија каде невработени се половина од младите на возраст од 15 до 24 години. Инаку кај 13 од 27 земји-членки на ЕУ, младинската невработеноста надминува 25 отсто.

„Така висока стапка на невработеност меѓу младите има драматични последици за нашата економија, општество, а пред се за младата популација“, изјави еврокомесарот за труд Ласло Андор.

Поддршката на европските лидери на планот зависи од спогодбата за наредниот долгорочен буџет за 2014-2020 година, за кој е потребно да се обезбедат речиси илјада милијарди евра.

Слично

Поврзани вести