Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Хамас не се разоружа, Трамп кажа какви мерки ќе преземе

Ако Хамас не се разоружа, Трамп кажа какви мерки ќе преземе

Претседателот на САД, Доналд Трамп им се закани на Иран и Хамас по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида. Тој предупреди дека САД ќе поддржат нови напади врз Иран ако Техеран продолжи со развој на нуклеарна или балистичка програма, а палестинското движење Хамас ќе се соочи со „сериозни последици“ доколку не се разоружа.

Трамп откри дека разменил информации со Нетанјаху за обновените активности на Иран, нагласувајќи дека „знае точно каде одат и што прават“.

„Не сакаме повторно да трошиме гориво на Б-2, тоа е 37-часовно патување. Но, ако треба – ќе го сториме то“, рече Трамп, алудирајќи на можен воздушен удар.

Техеран неодамна потврди дека спровел нови ракетни тестови, што Вашингтон го смета за кршење на мировниот баланс по јуниската војна меѓу Израел и Иран.

Израел, пак, предупреди дека ако Хамас не го исполни условот за целосно разоружување, ќе продолжи со воени операции.

Хамас и Израел беа во војна по нападот на 7 октомври во 2023 година кој го изврши палестинската група. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести