Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ГО ПРОМЕНИТЕ ПОЛОТ, ВРШИТЕ КРИВИЧНО ДЕЛО САМОПОВРЕДУВАЊЕ - чешкиот претседател во одбрана на Орбан

АКО ГО ПРОМЕНИТЕ ПОЛОТ, ВРШИТЕ КРИВИЧНО ДЕЛО САМОПОВРЕДУВАЊЕ - чешкиот претседател во одбрана на Орбан

Чешкиот претседател Милош Земан коментирајќи го унгарскиот закон со кој се забранува ЛГБТ-материјалот во училиштата, изјави дека трансродовите луѓе му биле „одвратни“.

„Ако се подложите на операција за промена на полот, во основа извршувате кривично дело самоповредување“, изјавил Земан, а пренесуваат европските медиуми.

„Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе ми се одвратни“, нагласил тој.

„Виктор Орбан рече дека не е против хомосексуалците, но дека е против манипулацијата со родителите и децата во врска со сексуалното образование, затоа, не гледам причина да не се согласувам со него, затоа што ме нервираат феминистките, движењето „И јас“ и „Прашката парада на гордоста“, додаде тој.

На самитот на ЕУ минатата недела, холандскиот премиер Марк Руте му рече на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ги почитува правата на ЛГБТ или да го напушти европскиот блок. Повеќе од половина од 27-те земји-членки на ЕУ се спротивставија на законот, но Чешка сè уште не го стори тоа.

Земан рече дека пресудата е мешање во внатрешните работи на земјата.

Слично

Поврзани вести