Ако го кршат карантинот, родителите ризикуваат да ги изгубат децата
Во Германија, дко го кршат карантинот, родителите ризикуваат да ги изгубат децата.
Властите се закануваат со одземање на децата поради кршење на карантинот.
Во некои германски провинции им се закануваат на родителите дека ќе им ги одземат децата поради кршење на карантинот, тврди весникот „Аугсбугер алгемајне“.
Весникот ги пренесува писмата што ги добиле одредени семејства во кои е наредено дека децата кои биле ставени во карантин не смеат да ја напуштат куќата или станот.
Родителите треба да им мерат температура два пати на ден.
Доколку семејството да не ги почитува овие мерки, можно е да се одземат децата и да се сместат во институции.
Германската канцеларка Ангела Меркел претходно најави дека ги очекува тешка зима и повика граѓаните да бидат внимателни и да не се собираат.Епидемиолошката состојба во земјата сè уште е многу сериозна.
Слично
