Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Европа не ги врати маските и не ја забрза вакцинацијата, ја чека тешка зима

Ако Европа не ги врати маските и не ја забрза вакцинацијата, ја чека тешка зима

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге повика земјите да ја забрзаат вакцинацијата и да воведат маски. 

Ако тоа го сторат, во есен и зима ќе се спасат од построги мерки, бидејќи омикрон зема замав.  За Ројтерс, Ханс Клуге ги повикал земјите да преземат итни мерки за да се избегне преоптоварување на здравствените системи поради брзото ширење на подваријантата омикрон БA.5. Скоро три милиони нови случаи на Ковид-19 беа потврдени минатата недела во европскиот регион, што претставува речиси половина од сите нови случаи ширум светот, пренесува медиумот.

„Имаме зголемување на новозаразените случаи, во општество кое функционира речиси како порано “, изјавил Клуге.

Тој смета дека општествата нема да бидат подготвени за нови затворања. 

И во регионот расте бројот на заразени.  Грција пријави повеќе од 140.000 случаи на ковид-19 и 200 починати лица за една седмица. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести