Ако добијат дете во текот на пандемијата ќе добијат и пари од државата
Сингапур ќе им плаќа на луѓето кои ќе добијат бебе за време на пандемијата.
Државата ќе им понуди еднократна помош на паровите кои ќе станат родители за време на пандемијата на коронавирус, пренесува Си-ен-ен.
Стимулацијата ќе им помогне на луѓето кои се соочуваат со финансиски притисок и се загрижени за својата работа.
„Добивме повратна информација дека Ковид-19 принуди некои родители да ги одложат своите родителски планови. Ова е сосема разбирливо, особено кога се соочуваме со неизвесност за нивните приходи”, рече заменик-министерот во Сингапур, Хенг Сви Кит.
Но, тој сè уште не ја потврди сумата.
Сингапур е економски во длабока рецесија, но има и низок наталитет.
Слично
