Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО БРАНАТА ВО БЛИЗИНА НА КЕЛН ПУКНЕ, ГЕРМАНИЈА ЈА ЧЕКА КАТАКЛИЗМА: Катастрофалните поплави се закануваат со нова опасност

АКО БРАНАТА ВО БЛИЗИНА НА КЕЛН ПУКНЕ, ГЕРМАНИЈА ЈА ЧЕКА КАТАКЛИЗМА: Катастрофалните поплави се закануваат со нова опасност

Германија сè уште се справува со катастрофалните поплави кои однесоа повеќе од сто животи и уништија бројни станбени и трговски објекти, а веќе се заканува нова опасност. Се стравува дека огромната брана во близина на Келн, која исто така е под налетот на поројните поплави, може да попушти.

Властите наредија евакуација на жителите на неколку села на југот од регионот затоа што сметаат дека браната Штајнбах може да пукне и да предизвика нова катастрофа, пишуваат германските медиуми.

Досега околу четири и пол илјади луѓе ги напуштија поплавените региони и тешко дека ќе се вратат наскоро во своите домови бидејќи синоптичарите најавуваат нови врнежи. Инженерите и пожарникарите извлекуваат вода од резервоарот на браната цела ноќ, намалувајќи го нивото на водата за околу два сантиметри.

Локалните власти утрово издадоа соопштение во кое се вели дека ситуацијата е стабилна, но сепак е многу опасна. Водата сеуште се испумпува, а кракот на автопатот 61 е затворен заради безбедност.

Браната е изградена помеѓу 1934 и 1936 година, а детално е обновена од 1998 до 1990 година. Резервоарот опфаќа повеќе од четиринаесет хектари земја, и во својата најдлабока точка, има длабочина од 17 метри и има капацитет од еден милион кубни метри вода . Се стравува дека и другите брани во областа се во опасност од пукање поради обилните врнежи од дожд.

Жителите на Германија се ужаснати од сцените на поплавите во кои загинаа повеќе од сто луѓе, повеќе од 1.300 се уште се водат за исчезнати, а стотици станбени и деловни објекти исчезнаа од лицето на земјата.

Некои го споредуваат нивото на пустош со штетите во Втората светска војна.


Слично

Поврзани вести