Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на „Твитер“ пораснаа на 44,90 долари

Акциите на „Твитер“ пораснаа на 44,90 долари

На крајот на првиот ден вредноста на акциите на социјалната мрежа „Твитер“ од тргувањето на Њујоршката берза достига 44,94 долари, што претставува раст од 73 проценти во однос на нивната почетна цена од 26 долари за акција.

 Од котацијата на Волстрит вредноста на акциите на „Твитер“ во некои моменти надминуваше и 50 долари, но на крајот на работниот ден таа се стабилизира на 44,94 долари.

Со пуштањето во промет на 70 милиони акции на Њујоршката берза, „Твитер“ заработи 1,82 милијарди долари, со што вредноста на компанијата достига околу 14 милијарди долари. Оваа сума е многу под врендоста на „Фејсбук“, која беше проценета на 80 милијарди долари при првата котација на нејзини акции на берзата во мај 2012 година.

Како што оценува ДПА, „Твитер“ има помалку корисници од „Фејсбук“, а форматот на оваа социјална мрежа го отежнува рекламирањето, што ги ограничува неговите шанси веднаш да обезбеди значителни приходи.

Слично

Поврзани вести